Почина поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам
Foto

Почина поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам

На 64-годишна возраст денеска почина поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам. Тој имал проблеми со срцето, а постсмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19. Поранешниот пратеник страдаше и од дијабетес, поради што минатата година му беше ампутирана едната нога.

Во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче денеска кажа дека тој  имал комплексна здравствна состојба, со хронични болести и дека нема информација дали е земен ковид тест“.

Поранешниот пратеник за себе знаеше да каже дека е познат како кока кола која сите ја пијат. Тој  има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Во 1994 стана пратеник воСобранието на Република Македонија како член на Партијата за целосна еманципација на Ромите.  Бајрам во 1996 ја основа Сојуз на Ромите од Македонија. Во Собранието, членувал во неколку пртенички групи, како и во Комитетот за односи меѓу заедниците. Во периодот 1998–2002 Амди Бајрам ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000 година,  владата опстои поради гласот на Бајрам, по што тој изјави дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“.  Во една прилика кога неформално го прашавме зошто секогаш сакате да сте со власта? 

„Толку мал народ сме што поинаку нема да вирееме.“ - изјави тој 

Во 2004 година беше обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“. Иако  беше осуден на 7-годишна казна затвор, подоцна му беше намалена на 4 години. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не беше правосилна, се кандидираше за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победи, беше градоначалник неполн месец, бидејќи беше однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип.

Во 2007 казната му беше намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излезе од затвор и се врати во политиката влегувајќи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но ја напушта во декември 2016 година кога на власт дојде СДСМ. Бајрам оттогаш ја поддржуваше владејачката партија, а пратеник беше до јули 2020 година.

Спикерот на Собранието Талат Џафаери во телеграмата за сочуство вели дека Амди Бајарм Со својата реторика и позитивен дух секогаш ќе остане запаметен.

„Со големо жалење ја примив тажната вест дека мојот долгогодишен и драг колега Амди Бајрам го напуштил овој свет. Дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието да изразам длабоко сочувство за оваа голема загуба.“ - се вели во телеграмата за сочувство од претседателот на Собранието, Талат Џафери, за смртта на Амди Бајрам.

0 Коментари

Остави коментари