Почина поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот
Foto

Почина поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш, постариот, почина вчера на 94 година, објавија светски новински агенции. Тој починал во Хјустон, соопшти неговиот портпарол Џим Мекграт. Беше 41 претседател на САД, од 1989 до 1993 година и два мандати му беше заменик-претседател на Роналд Реган.

Воен херој со 58 мисии во Втората светска војна Буш и се здоби со чин поручник. Политичката кариера ја започна во 1964 како републикански кандидат за Сенатот и успеа да стане првиот републикански претставник на Хјустон. Се приклучи на политиката, откако почна со бизнис со нафта во Тексас и стана милионер до возраст од 40 години. Како конгресмен ги застапувал конзервативната политика и војната во Виетнам. Никсон во 1971 го именува за амбасадор во Обединетите нации и таа функција остана две години, до избивањето на аферата Вотергејт. Буш беше иницијаторот никсон да поднесе оставка во 1974. Во 1976 Буш застана на челото на ЦИА иако неговиот мандат беше проследен со низа скандали, па со доаѓањето на Џими Картер за претседател, тој е сменет од таа позиција. На почетокот на 80тите, Буш активно се подготвува за политичката кампања. Иако бил жесток критичар на мерките на неговиот ривал Роналд Реган, Буш стана дел од неговата администрација како потпретседател, а во 1981 година се сметал и за иден претседател по неуспешниот атентат на Реган.

Во 1987 решава повторно да се кандидира за претседател и во 1989 станува 41-от во ерата на паѓањето на Берлинскиот ѕид и затегнатите односи со тогашниот советски претседател Михаел Горбачов.Иако ја избегнувал воената реторика на неговиот претходник Буш најмногу успех имал во меѓународната политика. Втор најголем непријател му бил ирачкиот претседател Садам Хусеин кој во 1999 година го нападна Кувајт, па Буш ја донесе одлуката за почетокот на Првата војна во Заливот која заврши со пораз на Хусеин. Во времето на распаѓањето на Југославија, владата на Буш заедно со Германија се залагала за остра политика кон Србија што резултирала со санкции кон тогашната сојузна република Југославија.

Иако во 1992 година ја поднесе кандидтурата за втор мандат, неговото здравје нагло се влошува што се гледа во неговите изјави и тервјуа, па тоа го искористува неговиот ривал, гувернерот на Арканзас Бил Клинтон кој го победува на изборите. Иако поразен по првиот мандат Буш останува во политиката, а на своето презиме му додава Постариот за да се разликува од синот Буш помладиот кој во 2001 стана претседател на Америка и се посвети на хуманитарната работа заедно со некогашен ривал Бил Клинтон.

Погребот на Буш постариот дополнително ќе биде објавен, а актуелниот претседател Трамп упати телеграма со сочувство во неговото семејство. Буш постариот беше оженет со Барбара со која имаше шест деца. Барбара почина во април годинава.

0 Коментари

Остави коментари