Почина писателот Методија Фотев
Foto

Почина писателот Методија Фотев

Утрово, понеделник 11.02.2019 година, по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев (роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско).Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година.Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат(1966),Селани и војници(1969), Големите скитачи(1970), Неплодна вода(1978), Вивариум(2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор(2002).Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.

Погребот ќе се одржи утрево присуство на најтесниот семеен круг.

0 Коментари

Остави коментари