Почина писателката Исидора Бјелица
Foto

Почина писателката Исидора Бјелица

 Писателката Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52-годишна возраст. Бјелица починала во домот на своите родители.

Исидора Бјелица е родена на 10 декември 1967 година каде и завршила гимназија, а потоа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек драматургија, и магистрирала со тезата „Технотрилер како современ облик на трагедија“.

 

 Во 2012-та година, на Бјелица и’ беше дијагностициран карцином, поради што и’ беа отстранети јајниците и матката. Освен со макотрпните болки, таа мораше да се бори и со својата психа, бидејќи како што имаше изјавено, канцерот го сметаше за „елегантно самоубиство“. Болеста ја принуди да продаде околу три илјади ретки книги за да го плати своето лечење во странство, а и покрај кревкото здравје мораше и да работи, поради што болеста се врати неколку пати.

Веста за српските медиуми ја потврди издавачката куќа „Лагуна“. Авторка е на над 40 книги посветени на различни генерации, а освен тоа пишувала и повеќе театарски текстови и радио драми.

Режисерка е на филмот „Дорќол-Менхетн“, а во театар ја режираше „Сарајка во Белград“ и комедијата на својот сопруг, Небојша Пајкиќ, „Мархатана“.

Како телевизиски автор работеше на неколку проекти, од тоа „Клот-Фркет“ на БК телевизија и БН телевизија и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.

Бјелица долги години се бореше со болеста, за којашто често пишуваше во своите  книги, но и за што често говореше во јавноста.

Таа зад себе ги остави сопругот Небојша и двете деца Лав Григориј и Вила Евангелина Пајкиќ.

0 Коментари

Остави коментари