Почина пациентка од Лабуништа, регистрирани нови 25 случаи
Foto

Почина пациентка од Лабуништа, регистрирани нови 25 случаи

27 годишната родилка од Куманово од Гиниколошко-акушерската клиника е префрлена во Инфективната клиника во Скопје, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. 

Со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.

Родилката од вторникот почнала да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш е префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Новороденчето пак кое е машко е на интензивна нега, но во добра општа здравствена состојба и ќе му се земе брис за да се види дали е позитивно на корона. Бебето е предвреме родено со царски рез и како што рече министерот Филипче, праксата покажала дека мали се шансите новороденчињата да го превземат вирусот од мајката.

Во услови на пандемија пак полесните случаи на родилки во Скопје ќе се породуваат и на Клиниката во Чаир. 

Владата разгледува решение за продолжување и на породилното отсуство на мајките кое е пред крај и завршува, а поради мерките за заштита од коронавирусот, не може да обезбедат уверение од градинка. 

Министерот Филипче посочи и дека на одлуката ќе ѝ претходат законски измени, а јавноста ќе биде информирана за деталите веднаш по донесувањето на истата.

0 Коментари

Остави коментари