Почина легендата на Формула 1, Ники Лауда
Foto

Почина легендата на Формула 1, Ники Лауда

Легендарниот возач на Формула 1, 70-годишниот Ники Лауда почина по неколкумесечната борба со болеста.

„Со голема болка објавуваме дека нашиот сакан Ники почина на 20 мај 2019 година“ – објави семејството на Ники Лауда.

Лауда беше првак во Ф1 во три првенства. Во 1975 и 1977 година се искачи на пиедесталот како возач на Ферари, а во 1984 триумфираше во шампионатот како возач на Меклларен.

Имаше изгореници на телото од трката во 1976 година, имаше две трансплатации на бубрег во 1997 и 2005 година. Од почетокот на годинава е во болница во Виена, само неколку месеци по трансплатацијата на дроб, откако во август лани доби нов бел дроб. 

Работеше како неформален директор на Мерцедес, тимот кој години наназад доминира во Ф1.

 

0 Коментари

Остави коментари