Почина хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ
Foto

Почина хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ

Хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ почина денеска на 66-годишна возраст како последица од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.

Дујмиќ минатата среда имаше сообраќајна несреќа, кога кај местото Рамна Гора загуби контрола над воланот и слета во бездна. Веднаш потоа бил сместен на Одделот за интензивна нега во Клиничкиот центар во Риека.

Во несреќата се здобил со тешка повреда на главата и бил во кома, вклучен на респираторна машина.

Дујмиќ беше основач на популарната група „Нови фосили“ и автор на песната „Rock me“, која во 1989 година првпат и донесе победа на поранешна Југославија на Евровизија. Автор е на песната „Ѕвона ѕвонат“ со која Љупка Димитровска победи на Макфест 1990 и освои пет награди. Во неговиот музички опус се вбројуваат 1821 авторска песна, за групата и за други пејачи со кои соработувал.

Семејството по неговата смрт ги донираше неговите органи.

0 Коментари

Остави коментари