По “ветото“ на Пендаровски - на потег повторно Парламентот

Закон за легализацина  на дивоградби ќе има, но ќе се разгледаат и забелешките  што ги адресираше Пендаровски  откако одби да го потпише законот - најви, претседателот на владата Заев. Тврди дека во овој вакум простор без закон би се урнале  50 иилјади објекти на граѓани кои се водат како дивоградби. 

„Ќе ги срушиме овие 50 илјади домови или ќе дадеме можност да се легализираат со тоа што викаме овој пат 50 посто ќе платат сите што не се на прагот на сиромаштијата опфатени во ЦСР. И викаме, оди во нормална постапка за одобрение за градба ќе платиш комуналии 3.500 – 5.000 денари или слично ако градиш на диво со легализација наместо 5.000 денари ќе платиш 7.500 денари тоа е пораката и повеќе нема.“ - вели Заев. 

По ветото на Пендаровски, кој на парламентот му  пиша дека законот се коси со Уставни одредби, решението повторно во Собранието. Пратениците по втор пат ќе треба да се  изјаснат. Во јавноста не стивнуваат реакциите, се носи закон за помош на сиромашните или за легализација на градежниот криминал. 

„Законот сметам дека треба да се одобри. Но, апсолутно не за регионите заштитени од државата. Нема логика, колку што знам за законот, нема да се дозволи легализација во охридското крајбрежје, во струшкиот дел, а ми се чини дека законот дозволува да се легализираат објекти во Мавровскиот дел, во Галичица или не знам на Попова Шапка. Некои членови од законот мора да се изменат.“ - вели директорот на Институтот за зземјотресно инженерство и климатски промени, Михаил Гаревски. 

Поради сеопфатноста на законот, и премеиерот признава дека во купчето за легализација влеегуваат и  градби за кои поранешни фунцкионери и истакнати личности требаше да одговараат пред судовите.

„Ако алудирате на господинот Јакимовски, Тој има 3 кривични дела колку што знам, двете кривични пријави немаат врска со легализацијата, а во едната кривична пријава има повеќе од 3 обвиненија од коишто едното е само за легализација. Така да дефинитивно, кога предлагате како институции ги гледате соодветно поставеностите. Не може сите да легализираат а некој кривично да одговара, и тој може да ја продолжи постапката за легализација  кога носите вакви одлуки.“ - вели Заев. 

Експертската јавност го оспорува законот по два основи. Прво, правната, дека  се коси со постоечките законски решенија кои предвидуваат казни, и втората димензија, моралната и етичката со која се испраќа порака дека за оние кои изградиле нелегално ќе има амнестија, додека граѓаните прописно кои плаќаат се обесправуваат. Антокорупциска најави дека законот ќе го оспори пред Уставен суд.