По Франција, и Холандија бара веднаш да почнат преговорите со ЕУ
Foto

По Франција, и Холандија бара веднаш да почнат преговорите со ЕУ

Средбата на маргините - нашите очи свртени кон неа. Ќе си пружат ли рака Зоран Заев и Румен Радев рака на самитот на НАТО за деблокада на Европската иднина на Македонија? 

Ќе биде ли доволен дипломатскиот булдежер да го премисли бугарскиот претседател, со техничка влада,  сред кампања за паралемнтрани избори и пред претседателските избори  насесен да биде тој што ќе ја крене рампата за Македонија.

Премиерот Заев претпазлив во прогнозите, само вели дека секој дијалог е добредојден. 

Заев и македонската влада се уште се крстат во португалскиот предлог. Документот до кој што интегрално дојде тв 24, предвидува Бугарија и Македонија да поднесат еднострани декларации, а Европскиот совет треба да ги констатира. 

Според предлогот, Македонија треба да признае дека македонскиот јазике кодифициран во 1945, дека користи кирлично писмо и дека е официјален јазик според Уставот. Постоењето на јазикот е изоставувано од македонската декларација, но затоа во бугарската предговор да стои дека според официјална Софија македонскиот јазик не постои до 1944 година. Според Бугарија, бугарескиот јазик е составен од 6 јазични норми, од кои три се дијалекти. 

Колку предлогот кој што Софија веќе го дочека на нож, може под дипломатски притисок да биде решение до следниот вторник. Бугарскиот претседател пред денешната  средба воздржан - го потенцираше само единството. 

- Клучен фактор за безбедноста на сите земји во унијата е нашето единство. Единство не само во нашата заедничка политичка волја во развојот на соодветни одбранбени способности и постигнување на компатибилност за спроведување на заеднички операции. Но, исто така и единство во нашиот индустриски развој, во развојот на нашата одбранбена индустрија и водечките технологии. - изјави Радев.

И додека бугарскиот претседател преговара, од Софија екс премиерот Бојко Борисов со порака дека разговорите што го води Радев не одат во прилог на Софија.

Начинот на кој сегашната техничка влада и претседателот Румен Радев ги водат преговорите со Македонија може да доведе до лош исход за Бугарија и да направи народите да се мразат со децении во иднина.

И додека денешната средба Заев - Радев се гледа како клучна за одлуката на Европскиот совет идната недела, од македонската Влада се уште се надеваат дека неделава ќе се случи и состанок на техничкиот премиер Стефан Јанев.

0 Коментари

Остави коментари