ПМФЛ: Домаќините не испуштија ниту еден бод во 11. коло
Foto

ПМФЛ: Домаќините не испуштија ниту еден бод во 11. коло

Сите денешни натпревари од 11-тото коло во Првата македонска фудбалска лига им припаднаа на домашните тимови.

Гостите не само што ги загубија мечевите, туку и не успеаја да постигнат ниту еден гол на петте средби во ова вонредно коло.

Резултати, 11. коло: Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров 4:0, Шкендија – Силекс 3:0, Шкупи – Работнички 2:0, Струга Трим Лум – Ренова 1:0, Вардар – Борец 2:0.

Академија Пандев и Вардар се на делба на врвот со по 24 бода, Шкупи и Македонија имаат по 16, Шкендија и Струга имаат по 14, Ренова има 13, Силекс 12, Борец 11, а последен е Работнички со 10.

0 Коментари

Остави коментари