Пливачката Миа Блажевска урна 11 македонски рекорди
Foto

Пливачката Миа Блажевска урна 11 македонски рекорди

Меѓународниот пливачки митинг „13 ноември“ се одржа минатиот викенд, од 19 до 20 октомври на базенот „Борис Трајковски“ во организација на Пливачкиот клуб Бета Шаркс од Скопје, при што беа урнати 13 државни рекорди на Македонија во 25м базени. Пливачката Миа Крстевска од ПВК Орион постави апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време од 2.14.53, додека Миа Блажевска Еминова постави неверојатни 11 рекорди. Блажевска постави кадетски рекорди на 50м делфин со време 28.51, кадетски и младински рекорд на 100м слободно со време 57.60, кадетски и младински рекорд на 50м слободно 26.49, кадетски, младински и апсолутен рекорд на 50м грбно со време од 29.91, кадетски младински и апсолутен рекорд на 100м мешано со време од 1.05.22. Исто така, пливачката Ева Петровска од ПК Аква Про постави младински рекорд во дисциплината 200м делфин со време 2.20.23.

0 Коментари

Остави коментари