Петти ден штрајк во МЖ транспорт - вработените бараат исплата на целата октомвриска плата
Foto

Петти ден штрајк во МЖ транспорт - вработените бараат исплата на целата октомвриска плата

Петти ден железничкиот сообраќај во земјава е во прекин. Машиновозачите протестираат поради неисплатен втор дел од октомвриската плата.

Тие доаѓаат на работа, но не си ги извршуваат своите работни обврски. Душко Чакаровски, претседател на Синдикатот на машинскиот персонал, за ТВ 24 вели дека возовите нема да тргнат по пругите додека не им биде исплатена целосната плата. 

Директорот на македонски железници, Аднан Азизи, за ТВ24 вели дека платата доцни поради долгови на претпријатието.

- Голем проблем се нашите долгогодишни долгови и нивната камата. Имајќи предвид дека последните пет години немаше ниту една капитална инвестиција, ние сме побарале итна финансиска помош од Владата, но се уште не пролонгираат. - изјави Аднан Азизи – директор на Железници.

Од компанијата не кажуваат кога ќе биде исплатен вториот дел од платата. Работниците се децидни ќе штрајкуваат се додека парите не им легнат на сметка. И минатиот месец издејствуваа плата преку штрајк. Штетите од застојот на работата на железници допрва ќе се пресметуваат, неофицијално се губат милионски суми.

 

0 Коментари

Остави коментари