Петмина загинати во сообраќајка на влезот на Драчево (видео)
Foto

Петмина загинати во сообраќајка на влезот на Драчево (видео)

Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј.(44) од Скопје и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Возачот Ј.П. и сопатниците во возилото „рено“, С.Н., А.Т. (54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

 

0 Коментари

Остави коментари