Пет жртви во експлозија во хотел во Русија
Foto

Пет жртви во експлозија во хотел во Русија

Пет лица утрово загинаа во хотел во рускиот град Перм кога експлодирала цевка со топла вода од систем за греење, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Како што се наведува, експлодирала цевка за топла вода и врела вода го поплавила сутеренот на хотелот.

– При испумпување на водата и пребарување на просториите, откриени се пет тела и тие во моментов се идентификуваат, соопшти прес-службата на Министерството.

Според претходните извештаи на локалните власти, инцидентот се случил во приватен хотел во индустриската област на градот на Урал кој има повеќе од еден милион жители.

Истражен тим почна кривична истрага за смртта на пет лица.

0 Коментари

Остави коментари