Пет земји-членки на ЕУ од вчера почнаа со вакцинација против Ковид-19
Foto

Пет земји-членки на ЕУ од вчера почнаа со вакцинација против Ковид-19

И покрај најавите имунизацијата против Ковид-19 да почне денеска во исто време во сите земји-членки на Европска Унија, Унгарија, Германија, Словачка, Франција и Шпанија не се придржуваа до договореното и вчера по пристигнувањето беа дадени првите вакцини.

Претходно, периодот од 27 до 29 декември беше означен како Европски денови на вакцинацијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера изјави дека синхронизираниот почеток на имунизација на населението е „емотивен момент на единство и европски успех“.

Таа наведе дека вакцините на Фајзер и БиоНтек вчера се испорачани до сите земји-членки на ЕУ. Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони свои граѓани и оти истите се ставени на располагање на сите земји-членки.

0 Коментари

Остави коментари