Пет часа стојат на пругата во Драчево - возот за Битола никако да тргне
Foto

Пет часа стојат на пругата во Драчево - возот за Битола никако да тргне

Возот за Битола кој од Скопје тргнал во 20.10 часот веќе пет часа стои во населбата Драчево. Од Македонски железници нема никој за да ги информира патниците што се случува. Меѓу нив има и деца и стари лица кои се без храна и вода. Пет часа стојат на пруги во Драчево - возот за Прилеп никако да тргне. Никој не им кажува кога ќе тргнат, дел од патниците веќе се симнале, а дел се уште чекаат возот да тргне. 

И возот во Велес кој требало да тргне за Скопје стоел на шините еден час и некои од патниците се тргнале со такси. од МЗ ги известиле дека се работи за паднато дрво на пругата. Во 22 часот на патниците им било кажано дека најмалку час и половина ќе треба да се среди пругата да биде во функција, а во меѓувреме пристигнал и меѓународниот воз кој сообраќал на релацијата Солун - Белград. Возот од Велес за Скопје требало да тргне во 21.20 часот.

0 Коментари

Остави коментари