Пешевски: ВМРО-ДПМНЕ тргна во погрешен правец со затворањето на А1 тв
Foto

Пешевски: ВМРО-ДПМНЕ тргна во погрешен правец со затворањето на А1 тв

Екс-вицепремиерот во Владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски за тв 21 вели дека точка на прекршување и пат во погрешен правец на владата на Никола Груевски било затворањето на телевизија А1.

„Има еден момент на прекршување, со акцијата за затворање на А1 телевизија. Во случајот на ВМРО-ДПМНЕ и првите години на владеење, А1 беше силен корективен механизам. Кога тој механизам го снема, системот бега од нормала и станува нестабилен. Мислам дека тоа му се случи на ВМРО-ДПМНЕ. Една од причините зошто не бев омилен меѓу членовите на Владата е дека искажував различно мислење. Во една прилика му кажав на Груевски дека имам впечаток дека дел од членовите се плашат да му кажат што мислат. Зашто се случуваше на седници кога Груевски не е тука, членовите да зборат едно, а кога е тука да се однесуваат поинаку. Ми одговори ти често ми контрираш, ти се случило нешто лошо тебе? Но, како што изминуваше времето човек почнува постепено да не го кажува своето мислење. И одговорноста, политичка и друга, мора да се понесе“ - рече Пешевски.

0 Коментари

Остави коментари