Персонални асистенти за 200 лица со попреченост
Foto

Персонални асистенти за 200 лица со попреченост

Министерството за труд и социјална политика, продожува со финансирање на индивидуализирани социјални услуги во заедницата од буџетот. Потенцираат дека со законот, кој што е во собраниска процедура, услугата персонална асистенција, која досега ја имаше само во 7 општини се проширува низ цела Македонија. Оваа услуга, од вчера во Скопје ќе ја нудат уште 30 нови лица на кои им беа доделени сертификатите за персонална асистенција, откако успешно ја поминаа обуката на црвен крст и на хуманост. Со ова бројот на сертифицирани лични асистенти на територија на Македонија се зголемува на околу 130, информира министерството. Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

 

0 Коментари

Остави коментари