Пензионерите и вработените нема да смее да имаат тезга
Foto

Пензионерите и вработените нема да смее да имаат тезга

Пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазри од Нова година. Поради оваа измена во Законот за трговија, на пазарите ќе се намали бројот на пазараџии и прометот дури за 30 проценти, смета Стопанската комора. Затоа бараат тој да биде одложен за некое време.

„Секој кој наоѓа интерес да тргнува на зелениот пазар треба да го оствари тоа право зошто државата има форма како да си го наплати својот дел, односно персоналниот данок за сите оние кои тргуваат на зелените пазари. Не гледаме пречка зошто овие категории не би мижеле  да тргуваат повторно на зелените пазари.“ - вели Даниела Михајловска, Стопанска комора.

За помалку од 15 дена тезгаџиите треба да имаат лиценци за работа. Но една лиценца се врзува само со една тезга, така што пазарџиите треба да извадат повеќе лиценци ако сакаат да држат повеќе  тезги на еден пазар. Законот предвидува пазарџиите да плаќаат персонален данок, како и здравствен и инвалидски надоместок. Министерот за економија, до кого е испратено барањето за одложување на примената на законот, вели дека ќе ги разгледа барањата на тезгаџиите и ќе донесе одлука. Во Македонија пазарите се празнат на сметка на дивите продавчи. Според статистигата има околу 20 илјади закупци на тезги на пазарите.

 

0 Коментари

Остави коментари