Пентагон објави снимки од нападот врз засолништето на Ал Багдади
Foto

Пентагон објави снимки од нападот врз засолништето на Ал Багдади

Американскиот командант генерал Кенет Мекензи Јуниор на прес конференција емитуваше видео снимки и фотографии од акцијата на американските војници во која изминатиот викенд беше убиен лидерот на групата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ) Абу Бакр ал-Багдади.

Снимките се објавени и на социјалните мрежи на Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ).

Во акцијата во северна Сирија учествуваа осум хеликоптери.

Багдади, како што информира Доналд Трамп во неделата, се самоубил со активирање на експлозивен елек, при што ги убил и неговите три деца.

Трамп денеска ќе им врачи Медал на честа на војниците кои ја спроведоа акцијата.

Багдади е основач и лидер на ИСИЛ од 2010 година, а со години не се знаеше каде се наоѓа.

Медиумите и претходно повеќе пати јавуваа дека е убиен во операции во Ирак и Сирија, но тоа никогаш не беше официјално потврдено.

0 Коментари

Остави коментари