Пендаровски утре ќе му врачи мандат на Заев за состав на нова Влада
Foto

Пендаровски утре ќе му врачи мандат на Заев за состав на нова Влада

Претседателот Стево Пендаровски утре напладне мандатот за состав на новата Влада ќе му го довери на лидерот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, соопшти Кабинет на шефот на државата.

– Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

0 Коментари

Остави коментари