Пендаровски: Споделуваме заедничка сегашност, ќе имаме и заедничка иднина како дел од ЕУ
Foto

Пендаровски: Споделуваме заедничка сегашност, ќе имаме и заедничка иднина како дел од ЕУ

„Словенија е наша сојузничка во НАТО, а помошта во спроведувањето на реформите во одбраната, како и соработката меѓу нашите две армии беше, и е, се разбира сеуште, од исклучително значење. Во делот на економијата, Словенија е наш значаен трговски партнер и инвеститор со години. И покрај намалената трговска размена оваа година поради здравствената криза, трговијата се одликува со стабилен раст. Наша задача е да го зголемиме нашиот извоз во Словенија и да го надоместиме трговскиот дефицит“ рече меѓудругото македонскиот претседател, Стево Пендаровски на денешната заедничка прес-конференција со словенечкиот колега, Борут Пахор.

Пендаровски рече дека „Имаме позитивно минато како дел од поранешната држава, споделуваме заедничка сегашност како сојузници во НАТО, а јас сум длабоко уверен дека ќе имаме и заедничка иднина како дел од Европската Унија. Словенија безрезервно ја поддржа одлуката на Европскиот совет во март оваа година за почеток на преговорите за нашето членство во ЕУ, а сега не поддржува во намерата да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година“.

0 Коментари

Остави коментари