ПЕНДАРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Foto

ПЕНДАРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседател на Република Северна Македонија – Централниот регистар и официјално изврши промена на името на институцијата, два дена по стапувањето на функцијата на новиот шеф на државата. Претходно, Горѓе Иванов одбиваше да ја изврши промената и да потишувза закони со новото име на земјата. Сега треба да се смени и таблата, документите а и печатите ќе бидат со Северна Македонија. Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, посочуваат дека законите што останаа непотпишани од Иванов, откако ќе бидат разгледани ќе добијат и потпис . Рокови не се обелоденуваат, но велат дека тоа ќе биде скоро. Во интервју за 360 степени Пендаровски вчера посочи оти не должи никому ништо за неговиот изборот за претседател.

Дополнително во текот од утрово Службата за општи и заеднички работи прави попис во Вилата на Водно, да се види што оставил Иванов на заминување и дали новиот претседател ќе има дополнителни барања и потреби за Кабинетот и за местото каде што ќе живее. Пендаровски ќе живее во резиденцијата на Водно а како главна причина се наведува дека неговото обезбедување кое го следува како претседател не сака да биде причина за вознемирување на соседите во станот во кој што до сега живееше.

Кабинетот на новиот претседател се' уште официјално не е комлетиран, но неофицијално во него како дел од тимот ќе се појават Катарина Цаневска која ќе биде во делот за односи со јавност, се шпекулираше и со името на Миле Бошњакобвски, актулениот портпарол на владата дека е можно да замине како шеф на кабинет во вилата на водно. Бошњаковски вели дека се уште не може да каже ништо официјално затоа што во моментов нема конкретна одлука.

Како советник за меѓународни односи пак се споменува името на универзитетскиот професор Александар Спасов, кој и на денот на инаугаруцијата, беше со Пендаровски како дел од тимот и беше во вилата на Водно каде се пречекуваа странските делагации.Во изработка е и новата интернет страница на која исто така впишано е новото име и од неа тргнат е поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов а се екипира и кабинетот.

0 Коментари

Остави коментари