Пендаровски бара фер избори и брзо формирање на влада за чист пат кон ЕУ
Foto

Пендаровски бара фер избори и брзо формирање на влада за чист пат кон ЕУ

Проширувањето на Европската Унија кон западниот Балкан никогаш не било само економско, туку и геополитичко и безбедносно прашање, туки и споделување на заеднички вредности и убеден сум дека хрватското и германското претседавање со Унијата се можност и за наш исчекор во европските интеграции.

Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски на приемот на дипломатскиот кор акредитиран во земјава. Пораките кои во континуитет доаѓаат од највисокото раководство на ЕУ, претседателот на Советот Мишел и претседателката на Комисијата фон дер Лајен недвосмислено се во насока на комплетирање на Европската Унија со државите од нашиот регион и го одржуваат оптимизмот во општеството, рече Пендаровски.

„Очекувам и апелирам новата методологија за водење на преговорите да биде усвоена најдоцна до крајот на март 2020, а паралелно со усвојувањето на методологијата да биде донесена и одлуката за доделување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и соседна Албанија. Преговорите нам не ни се потребни како политички трофеј, туку, како инструмент и процес за време на кој ќе се менуваме и реформираме за ги достигнеме неопходните стандарди по кои се препознаваат европските демократии“. - изјавиСтево Пендаровски – претседател на РСМ.

Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се движат по различни насоки во зависност од успесите, оцени германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

„Во случајот на Северна Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да почнат преговорите, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси.“ - изјави Ангела Меркел – канцеларка на Германија.

Хрватскиот премиер изрази оптимизам од Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 5 и 6 мај.

„Овој Самит ќе даде реална перспектива во односите на ЕУ со земјите во соседството, за да знаеме со каква динамика овие земји се движат кон членството.“ - изјави Андреј Пленковиќ – премиер на Хрватска.

Пленковиќ во изминативе недели, откако неговата земја го презеде претседавањето со ЕУ, имаше серија средби со водечките претставници на ЕУ, како и со земјите-членки. Од средбата со францускиот претседател Макрон произлегоа оптимистички најави од Загреб дека е можно придвижување во проширувањето доколку Европската Комисија до крајот на месецов ја заврши работата на реформата на методологијата ја бараше Париз.

Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји од Скопје порача дека земјава е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ, но додаде и дека до Самитот во Загреб приоритет треба да биде донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари