Пендаров за тв 24: Бугарите ни наместија катастрофално лош договор
Foto

Пендаров за тв 24: Бугарите ни наместија катастрофално лош договор

Новинарот Тодор Пендаров влезе во жестока расправа со колегата Виктор Канзуров во емисијата 24 анализа околу припадноста на Гоце Делчев и договорот со Бугарија.

„Јас не сум историчар, но секогаш бев против потпишувањето на договорот со Бугарија зошто е тотално асиметричен во однос на нашата страна. Ваквиот став на Бугарија за негирање на македонската нација доаѓа од нивниот попис од 1956 со пописот каде 188 000 се декларираат како бугари, односно од доаѓањето на Тодор Живков на власт.“ - вели Пендаров.

Пендаров смета дека сегашниот проблем со Бугарија лежи во договорот кој во современите меѓународни односи не постои.

„Таков тип на меѓшународен договор и не постои, како ги заборавија 300 000 бугари од егејска Македонија? Во Грчката историја јасно пишува дека бугарите биле окупатори во периодот 1941-44. Каде се тука да кажат нешто?“ - вели Пендаров.

Пендаров смета дека бугарите ни наместиле катастрофално лош договор и во тој договр има тотална асиметрија, дека елегантно околу прашањето на граѓаните кои живеаат во една во друга држава и не се споменува зборот малцинство.

0 Коментари

Остави коментари