Пекинг: Најрано вакцина против Ковид-19 во крајот на април
Foto

Пекинг: Најрано вакцина против Ковид-19 во крајот на април

Вакцина против новиот коронавирус, од кој досега животот го загубија повеќе од 2.000 луѓе само во Кина, најрано ќе биде доставена за клинички испитувања кон крајот на април, изјави денеска заменик министерот на Кина за наука и технологија Су Нанпинг.

Судските органи во Кина покренаа обвиненија против 290 лица за случаи поврзани со превенција и контрола на коронавирусот, соопшти Врховното јавно обвинителство на Кина.

Обвиненијата вклучуваат ширење на вирус, поради непочитување на мерките за превенција и контрола; мешање во работата на јавната администрација но и производство и продажба на фалсификувани производи.

А кинеската влада се соочува со нов проблем. Во два затвора надвор од провинцијата Хубеи со коронавирус се заразиле 234 лица. Првиот случај на зараза во затворите бил утврден на 13 февруари кај еден затворски службеник.

„Оваа ситуација покажа дека некои затворски управи биле невнимателни и не ги спровеле мерките за превенција на епидемијата на вистински начин.“ - изјави Ји Ченге, заменик генерален секретар на провинциската влада и напомена дека веднаш биле сменети надлежните за кои се верува дека се одговорни за појава на епидемијата.

Во меѓувреме, Јужна Кореа ги зголемува напорите во борбата против вирусот откако во последните неколку дена драстично се зголеми бројот на заболени. Корејскиот премиер предупредува дека ситуацијата е доста сериозна. Два града се прогласени за специјални зони а на жителите им е препорачано доколку немаат потреба да не излегуваат надвор...Голем дел од ново заразените се членови на религиозна група...

„Регистрирани се нови 30 лица заболени со КОВИД - 19. Вкупниот број сега изнерсува 82-ца. Ги проверуваме сите кои стапиле во контакт со членови на една религиозна група. Детално ќе ги испитаме сите припадници на групата за да ги откриеме оние кои ги имаат симптомите на вирусот.“ - Ким Канг Лип – Министер за здравство на Јужна Кореа.

Нов случај на заразен со коронавирус се појави во Италија. Лицето на возраст од 38 години бил примен во болница во северниот град Кодено. Ова е четврти случај потврден во Италија, откако претходно кај двајца кинески туристи и уште еден Италијанец беше утврдено присуството на вирусот.

А неколку десетици украинци нападнаа автобуси со кои се превезуваа лица евакуирани од Кина. Околу 70 жители на Украина, но и граѓани на други земји пристигнале во државата од Вухан, градот каде што збувна епидемијата. Ова предизвика незадоволство кај локалното население кое организираше протести и ги блокираше патишта кои водат до медицинскиот центар. После лекарските прегледи, лицата биле пренесени во карантин каде ќе останат следните две недели.
 
Бројот на нови случаи на коронавирус во Кина и денеска продложи да опаѓа, бидејќи се потврдени уште 889 нови случиа на заразени.  Во последните 24 часа се пријавени вкупно 75.465 случаи на коронавирус, а бројот на починати се зголеми на 2.236, откако беа регистрирани уште 118 нови жртви.

0 Коментари

Остави коментари