Пазарџиите на маки – власта најавува решение за следната година
Foto

Пазарџиите на маки – власта најавува решение за следната година

Законот за зелените пазари ќе почне да се применува од Нова година, зашто нема време тој до тогаш да се смени, вели министерот за економија. Тоа ќе значи дека за неколку дена ќе биде забрането на тезгите да продаваат пензионери, вработени и сите други кои добиле некаков хонорар. Пазарџиите ќе треба да имаат лиценци, а за својата работа ќе плаќаат персонален данок, како и придонес за здравствено и пензиско осигурување. Власта ќе почека да види како ќе се спроведе новиот Закон, па потоа ќе одлучи дали ќе го менува. Но тоа нема да биде брзо.

„Имавјќи ја в предвид агендата на Собранието не верувам дека до крајот на јануари ќе има можност друг закон да помине, па и законот што не е во процедура. Вчера писмено ги добив прелозите на Комората, значи имале можност од почетокот кога ги донесовме законските акти, но и од кога бил усвоен законот во Собранието да излезат со овие предлози и да имаме време да интервенираме.“ - изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Стопанската комора веќе побара да се одложи примената на Законот, кој иако бил донесе во февруари, подзаконските акти биле напишани дури пред два месеци. Се уште не се знае кој се ќе може да ги издава лиценците на тезгаџиите, а спорно е и зошто се става забрана тезга да држат хонорарци, вработени и пензионери. Пазарната инспекција ќе биде надлежа за контролата на лиценците. Директорот Стојко Пауновски вели дека од јануари ќе ги проверуваат пазарџиите, но нема веднаш да ги казнуваат.

„Доколку пазарџиите немаат лиценца, ќе ги опомениме дека треба да извадат и ќе им дадеме рок од 8 до 15 дена. Секако, нашата цел е да ги регулираме залените пазари, а не веднаш да се оди на казни.“ - изјави тој.

Пазарниот инспекторат ќе бара од зелените пазари да се одстранат продавачите на текстил и обувки, односно коморите да не издаваат лиценци за нив, зашто ним не им е местото таму, вели Пауновски. Според статистигата во Македонија има околу 20 илјади закупци на тезги на пазарите.

0 Коментари

Остави коментари