Партиски препукувања – кој да биде шеф на идното СЈО?
Foto

Партиски препукувања – кој да биде шеф на идното СЈО?

Вилма Русковска, Владимир Панчевски, а зошто не и Никола Груевски?! Решението за клучното прашање од кое ни зависи датумот во октомви преговарачите како да го свртеа на шега. ДУИ денеска побара Бадентер за законот за јавно обвинителство, но и порача зошто не и албанец за прв човек во него.

„Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зошто новиот обвинител да не е и Албанец?” - изјави Груби.

Лидерот на опозицијата, Мицкоски пак го предложи поранешниот прв човек на кривичен, суспендираниот Владимир Панчевски против кој се води и постапка за местење предмети. Самиот Панчевски, пак не е сигурен дали тој е сериозен предлог, или лош пример. За власта пак овој предлог е токму второто.

„Значи сите ја знаеме историјата на Владимир Панчевски и неговата работа и злоупотребите со АКМИС системот. Јас мислам дека опозицијата да може, ќе го предложи и Никола Груевски за јавен обвинител.“ - рече Заев.

Собраниската дебата за новиот Закон за обвинителство треба да почне најрано в понеделник, а според првичните најави може да заврши до крајот на август. Но се ова виси во воздух, бидејќи партиите сеуште не ги усогласиле ставовите. А законот не може да се донесе без двотретинско мнозинство.

0 Коментари

Остави коментари