Парламентот во Грција денеска гласа доверба на Владата на Алексис Ципрас
Foto

Парламентот во Грција денеска гласа доверба на Владата на Алексис Ципрас

Во грчкиот Парламент утрово продолжува расправата за гласање доверба на Владата, додека пак вечерва околу полноќ пратениците ќе треба да одлучат дали ќе го поддржат или не Кабинетот на Алекисис Ципрас.

Вчерашната расправа во парламентот траеше 12 часа и заврши , како што и беше предвидено, на полноќ. Прв на пратениците им се обрати грчкиот премиер кој образложи зошто бара и треба да добие доверба, а веднаш потоа збор зедоа и лидерите на политичките партии.

Првиот ден од расправата за гласање доверба, беше полн со жестоки реакции дискусии и дофрлувања меѓу пратениците, но и лидерите на партиите.

Во текот на денешниот ден се очекува збор да земат пратеници, а непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, Владата ќе ги добие потребните 151 глас за доверба и поддршка.

Освен 145-те пратеници на владејачката СИРИЗА на Ципрас, се очекува, позитивно да гласаат и независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци и поранешниот пратеник од Река, Спирос Данелис.

0 Коментари

Остави коментари