ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Foto

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Британците гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата, туку дали, кога и како оваа земја ќе излезе од Европската унија. Изборите се одржуваат две години пред редовните, откако на тоа инсистираше премиерот Џонсон, надевајќи се дека ќе освои апсолутно мнозинство и ќе ја изведе земјата од политичкиот ќорсокак околу Брегзитот.

Џонсон вели дека ако неговата партија освои мнозинство парламентот ќе го ратификува договорот со Брисел што кон средината на октомври го постигна со ЕУ и дека неговата влада ќе направи се за да се оствари Брегзитот во договорениот рок, 31 јануари. Граѓаните на Велика Британија се пред тешка одлука меѓу главните ривали од владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабуристичка партија на Џереми Корбин.

„Прв пат гласав за либерал-демократите бидејќи Брегзит е голема грешка, и тие се единствената партија која има цврст став за движењето Остануваме.“

„Кој и да победи нема да го оствари ветеното. Се надевам дека ќе победат Лабуристите“.
Лидерите на партиите во последниот ден од кампањата испратија клучни пораки на гласачите. Џонсон истакна дека само Конзервативната партија „ќе го заврши брегзитот“ и ќе го забрза напредокот на земјата.

„Ако набрзо не излеземе од овој жив песок, иднината на нашата земја ќе остане несигурна, доколку формираме влада, би го започнал процесот со кој ќе се заврши процедурата за напуштање на ЕУ уште првиот ден на новиот парламентарен состав”. - изјави Борис Џонсон.

За разлика од Џонсон, Корбин ветува нов референдум за Брегзит доколку победи.
Тонско Џереми Корбин – лидер на лабуристичката партија

„Во рок од 6 месеци, ќе го постигнеме тоа… Лабуристите нудат разумна опција за напуштање наспроти останување во ЕУ”.

Предвремените избори за 650 места во Парламентот треба да стават точка на повеќемесечната блокада на парламентот и да го отворат патот кон конечната одлука за судбината на Брегзит. Кладилниците му даваат предност на Џонсон во однос 2 спрема 5.

0 Коментари

Остави коментари