Парламентарни избори во Саксонија и Бранденбург
Foto

Парламентарни избори во Саксонија и Бранденбург

Во германските сојузни покраини Саксонија и Бранденбург денеска се одржуваат избори за регионалните парламенти.

Според последните испитувања на јавното мислење, на институтот ИНСА од 27 август, фаворит за покраинскиот парламент во Саксонија е владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ), за нејзе се изјасниле 29 проценти од испитаниците, а Алтернатива за Германија (АфД) би можела да освои дури 25 отсто од гласовите. На трето место со 15 отсто се наоѓа партијата Левица, наследничка на некогашната Социјалистичка партија на единството во Источна Германија, додека за Социјалдемократите (СПД) се изјасниле осум отсто од испитаниците.

Во Бранденбург, левичарската тврдина, за АфД и за СПД се изјаснија еднаков процент испитаници – 21, додека 17 отсто се изјасниле за ЦДУ, а за Левица би гласале 15 проценти.

0 Коментари

Остави коментари