ПАРАЛМЕНТОТ БЕЗ ДЕБАТА ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ
Foto

ПАРАЛМЕНТОТ БЕЗ ДЕБАТА ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ

Никола Груевски повеќе не е пратеник во македонското собрание. Неговите сопартијци, но и колегите од собраниските клупи речиси без збор ја прифатија одлуката на собранискиот спикер Талат Џафери – да ја констатира оставката на Груевски од Унгарија, без да се расправа за одземање на мандатот.

Оставката на Груевски од Унгарија пристигна на унгарски, откако Извршниот комитет на неговата партија – ги повика нивните пратеници да гласаат согласно Уставот и законите, по 6 месечното неоправдано отсуство од работата на Собранието на Груевски.

Со селфи со колегите, но и порака дека заминува како што рече со крената глава, со Законодавниот дом се збогуваше и Павле Боегоевски.

Пратеникот кој најави оставка поради скандалот со снимката за која потврди дека е автентична, а за која објавувачот тврди дека купува кокаин – додека Богоевски рече дека нарачувал масло од канабис – ја достави утрово.

Богоевски во своето образложение од собраниската говорница рече се повлекол поради морлана одговорност – заради фактот што како што изјави не може оној што бара правда да прави незаконски дела. Богоевски не го заборави ниту Груевски.

Од ВМРО-ДПМЕН возвратија – Барајте го дилерот – а на таксистот кој го возеше Богоевски.

Откако во Собранието им беше констатирана оставката на двјацата сега поранешни пратеници, тие сега според собранискиот деловник имаат право да поднесат барање за апанажа – односно според Законот за пратеници имаат право да побараат да остваруваат плата и по престанувањето на мандатот за време до една година.

Од Собранието брифираат дека Груевски досега нема поднесено вакво барање. Павле Богоевски пак вели се уште размислува по тоа прашање. Барањето лично треба да се поднесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанувањето на функцијата.

Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски од СДСМ ќе бидат новите пратеници кој по оставките на Груевски и богоевски ќе седнат во собраниските клупи.

0 Коментари

Остави коментари