Папата во историска просета на Ирак
Foto

Папата во историска просета на Ирак

Папата Франциско пристигна во Ирак..за поглаварот на Римокатоличката црква ова е прва посета на земјата, но и прва посета на некоја држава од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Договорена е средба со водачот на шиитските муслимани во Ирак а Папата ќе се обиде да ја смири поделената христијанска заедница и да го зајакне меѓурелигискиот дијалог..Во пресрет на посетата на Ирак, папата порача дека оди во мировен аџилак по повеќе години војна и тероризам.

„Доаѓам на аџилак … да се молам за прошка и помирување по долгогодишната војна и тероризам … и доаѓам меѓу вас во мир. Сакам да ве запознаам, да ги видам вашите лица, да ја посетам вашата земја, античката колевка на културата.“ - изјави Папа Франциско – поглавар на римокатоличката црква.

Папата исто така изрази желба да се моли заедно со како што ги нарече браќата и сестрите од другите верски заедници, истакнувајќи дека ирачкиот народ го смета како „единствено семејство на муслимани, Евреи и христијани“.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин изјави дека Ирачаните со нетрпение ја очекуваат „пораката за мир и толеранција“ на папата.

За безбедност на папата ќе се грижат околу 10.000 припадници на безбедносните сили а поради пандемијата на ковид 19 , во земјата веќе на сила е и полициски час.

Бројот на христијани во Ирак во последните две децении се намали од 1,4 милиони на околу 250.000, односно помалку од еден процент од населението. Голем број на луѓе ја напуштија  државата поради насилството кое настана по американската инвазија во 2003 година, кога беше соборен Садам Хусеин.

0 Коментари

Остави коментари