Папата со света литургија на плоштадот Македонија
Foto

Папата со света литургија на плоштадот Македонија

Вкупно 165 странски новинари и 65 медиуми ќе ја следат неговата посета на 7 мај. Папата Франциск ќе биде во Македонија десет часа, а ќе има средби со државниот врв и ќе одржи и миса на плоштадот во Скопје.

Мисата ќе започне во 11 часот и 30 минути и ќе може да ја следат 15 000 луѓе кои ќе резервираат карти, а во втората зона ќе може да се сместат оние кои не успеале да резервираат карти. Се очекува на мисата да дојдат и многу верници од регионот, а во тек е акредитирањето и на странски државјани кои сакаат да присуствуваат на мисата. Папата Франциск ќе ги посети и меморијалниот центар мајка Тереза и Католичката црква во Скопје, а ќе се сретне со скопскиот бискуп.

За време на посетата на папата ќе важат посебни мерки на безбедност. Ова е прва посета на еден папа на Македонија. Папата Франциск, претходно ќе ја посети Бугарија.

 

 

0 Коментари

Остави коментари