Пановски во Студио 10: Македонија нема протокол за лекување на Ковид 19
Foto

Пановски во Студио 10: Македонија нема протокол за лекување на Ковид 19

„Факт е дека до 1 октомври имавме висок процент на смртни случаи, не се расчисти причината иако се вели дека сме `болна нација`. За начинот на лекување немаше консензус, мора да се знае дека останатите помали градови, се што е посериозно, се праќаше во Скопје, иако во сите болници има се од апаратура. Многу од здравите пијат огромен број на лекови од страв да не добијат болест. Мора да има протокол по кој се пишуваат лековите, такво нешто на страницата нема. Сумамедот масовно се препишува оти некој во март прочитал дека лекува Ковид, нема антибиотик превентивно да се дава. Протокол нема, во протокол треба да се напише по кој критериум се препишал лекот. Докторите толку многу сакаат да препишуваат лекови, но да не се препишуваат лекови кои не помагаат, како сумамед на пример. Некој талент кажал двојно да се пие, не го разбирам. Се пие 3 дена и влијае 10 дена, вие да викете остај што шишува таму, 6 дена да се пие. Тоа е масовно“ - вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Студио 10 на ТВ24.

 

0 Коментари

Остави коментари