Панел дискусија на УАКС на тема „Cледните чекори за процесот на Европска интеграција за Република Северна Македонија"
Foto

Панел дискусија на УАКС на тема „Cледните чекори за процесот на Европска интеграција за Република Северна Македонија"

Денес, 22-ри октомври 2019, Факултет за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) организираше работилница на тема „Cледните чекори за процесот на Европска интеграција за Република Северна Македонија”, која се одржа во просториите на Универзитетот.

На темата дисукутираа:

– Тимчо Муцунски – професор на Правниот факултет Јустинијан Први,

– Драган Тилев – Државен советник во Секретаријатот за европски прашања,

– Неда Малеска Сачмароска – Извршен директор на Центарот за управување со промени,

– Зоран Нечев – Раководител на Центарот за Европска интеграција при Институтот за демократија Societas Civilis.

Панел дискусијата беше модерирана од страна на доцент д-р Ирена Бојаџиевска, професор на Факултет за правни науки при УАКС и беше отворена за јавноста, каде присутните имаа можност да се вклучат во дебатата.

0 Коментари

Остави коментари