Панчевски не се појави на суд, тврди од медиумите дознал за судењето во Велес
Foto

Панчевски не се појави на суд, тврди од медиумите дознал за судењето во Велес

Ниту Панчевски, ниту неговите адвокати не дојдоа денеска во велешкиот суд. Таму требаше да почне судењето против поранешниот претседател на скопска единица. Немал уредна покана, иако на два наврати му била испратена, заедно со обвнинението и доказите.

Судијката Габриела Гајдова побарала од полицијата да провери дали Панчевски живее на адресата која ја имал судот, но МВР ниту постапило, ниту известило зашто не презело ништо. За судот е нејасно зошто ги немаше и адвокатите на обвинетиот. Судијката Гајдова уште еднаш побара од полицијата да провери каде Панчевски живее.

За ова кривично дело, обвинетиот не мора да им бранител, па ако адвокатите не му дојдат, следното рочиште нема да се одложи, рече судијката Гајдова. Екс претседателот на скопска единица вели дека за судењето разбал од медиумите.

Нека си ја проверат доставата! Панчевски има уредно пријавена адреса, но, да пукнете, има и седум стана и куќа! Панчевски нема добиено ниту обвинение, ниту решение со кое е образложено, зошто ќе му се суди токму во Велес. Колку за оние што не прочитале и не го знаат Законот за кривична постапка, покана се праќа на домашна пријавена адреса, прва покана не се праќа со полиција. Ако ме бара, тука сум, дома одмарам, ќе ги почекам, нека дојдат, нека ми врачат уредно покана! – напиша Панечвски на својата Фејсбук страница.

Сепак, иако тврди дека не добил покана, тој поднел приговор до велешкиот суд.

Решението со кое се одбива ова негово барање сеуште не е правосилно. Владимир Панчевски е обвинет дека го злоупотребил АКМИС системот и рачно местел предмети на подобни судии, додека беше на чело на скопскиот Кривичен суд. Поради опасноста од пристрасност, Апелација одлучи наместо судот кој Панчевски го водеше, предметот да му го додели на велешкиот суд. Следното рочиште е закажано за 18 ноември.

 

0 Коментари

Остави коментари