Пахор: Меѓувладината конференција да почне без одложување
Foto

Пахор: Меѓувладината конференција да почне без одложување

Меѓувладината конференција да се одржи веднаш и без одлагање. Ова е приликата што ЕУ не смее да ја пропушти, е недвосмилената и директна порака што ја искажа денеска словенечкиот претседател, Борут Пахор по средбата со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

Пахор јасно кажа дека конференцијата не смее да се одложи зашто тоа може да доведе до инерција на целиот процес кој потоа би траел долго време, а тоа, напомена,  ќе ги загрози интересите на Северна Македонија, на регионот и на ЕУ.

Затоа, подвлече Пахор, сега треба, без одложување, по тивките, како што рече, дипломатскли канали, но и отворено, на ниво на ЕУ, да се најдат сите патишта меѓувладина конференција да почне.

-Не можам да кажам колку е тоа битно. Мојата посета тука не е случајна, не е случјано ниту времето на посетата. Го избрав зашто сакам како една од 27-те држави на ЕУ да нагласам дека сега е вистинската прилика да не се одложува меѓувладината конференција на Северна Македонија со Европската комисија. Разбирам дека некои соседни држави имаат колебања, но сакам отворено и јасно да кажам дека сега е вистинско време за солидарност меѓу членките на ЕУ и за целата дипломатска ветшина да стори се меѓувладината конференција да почне без одложувањеСловенија сега не го повикува Брисел да направи чекор, туку сум тука, во Скопје, посебно да кажам само за една држава, зашто сé уште важи индивидуланиот пристап, потенцира Пахор на заедничката прес-конференција со Пендаровски.

Предизвикот, дополни, е многу голем, но со вешта дипломатија и цврста одлука да се почтиуваат постигнатите договори, може да се реши. Северна Македонија, потенцира Пахор, последните години направи толку многу за да ги исполни сите услови на ЕУ, така што сега би било неверодостојно да се одложат билатералните разговори со Унијата.

-Знам колку е чувствително тоа прашање. Но, кога блокирате договори станува политички се потешко да се најде компромис, рече словенечкиот претседател.

0 Коментари

Остави коментари