Падна италијанската влада
Foto

Падна италијанската влада

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, поднесе оставка, со што падна италијанската влада.

Премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата, а потоа, според протоколот, тоа официјално го соопштува на претседателот на републиката. Премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе „пилотска“ криза, доколку претседателот му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има посилна политичка база на парламентарни партии.

Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.

0 Коментари

Остави коментари