Одложувањето на контролните прегледи и следењето на терапијата поради состојбата со коронавирусот и натаму останува проблем за пациентите со малигни заболувања.
Здружението за борба против ракот „Борка“ денеска одржа состанок со министерот за здравство на кои што му ги соопштија проблемите со кои се соочува оваа категорија на пациенти.
Претседателката Биба Додева порача дека пациентите со малигни заболувања не смеат да имаат прекин на контролата на болеста и дека здравствените власти мора да најдат соодветен модел за решение на овој проблем.
0 Коментари