Поради недостиг на реагенси,лошите услови и долги чекања по болничките ходници пациенти од Охрид и Струга се повеќе одат на лекување во Здравствениот дом во Вевчани.Поминуваат километража најчесто за крвна анализа, рендген снимања и други прегледи, бидејќи завршуваат побрзо без чекања.
Директорот на оваа здравствена установа вели бројката на пациенти од целиот регион е во константен раст од почетокот на пандемијата, а особено оваа година.
Во Здравствениот дом има 90 вработени од кои 25 се лекари. Има специјалисти по орална хирургија, офталмологија, физикална терапија, кардиологија, интернист, рентген и специјалист по биохемија, а во наредните две години ќе добие и специјалист по кожни болести.
Отежнатото работење во големите болници во Охрид и Струга е поради тоа што и двете установи работат со блокирани сметки. Охридската Општа болница има долг од скоро 4 милиони евра додека струшката должи помалку но и таа од почетокот на годината работи отежнато поради блокираната сметка.
0 Коментари