Овчарите и градинарите добија над 850 милиони денари од државата
Foto

Овчарите и градинарите добија над 850 милиони денари од државата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира производителите на градинарски култури и овчарите дека на нивните сметки се префрлени субвенциите.

Според Агенцијата, на сметките на вкупно 3.124 сточари што имаат поднесено барање за директни плаќања за обележани и одгледани овци се исплатени над 633,4 милиони денари, додека на 10.547 градинари им се исплатени над 233,4 милиони денари.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средствата за оние апликанти што имаат поднесено барања за директни плаќања за обележани и одгледани овци и за градинарски култури. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство, која им следува на сите што се стекнале со право за нејзино користење.

- По исплатата на градинарите и овчарите, ќе се исплатат и тутунарите што беа должници за вода или пашарина. Исто така, во текот на наредната недела се очекува да се процесираат и исплатите за субвенциите за обележани грла говеда. Вработените веќе работат и на процедурата за дополнување на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација или попознато како картички за „зелена нафта“ - вели Бачовски.

0 Коментари

Остави коментари