Отворен нов Супер Тинекс маркет во Прилеп
Foto

Отворен нов Супер Тинекс маркет во Прилеп

Познатиот ланец на супермаркети Тинекс во сабота (16.05) го отвори новиот Супер Тинекс маркет во Прилеп. Новоотворениот маркет се наоѓа на приземјето на новиот трговскиот центар, лоциран во централното градско подрачје на Прилеп, на пешачката улица Методија Шаторов Шарло б.б, спроти влезот на Градскиот пазар. 

Супермаркетот располага со сопствен паркинг со 38 паркинг места, на кој се пристапува од страна на улицата Орде Тутески.

Станува збор за модерен маркет со 870 м2 продажен и 290 м2 магацински простор, асортиман од над 8000 производи и 5 наплатни каси за услужување на потрошувачите. 

Супермаркетот е опремен со повеќе различни содржини како модерна пиљара за свежо овошје и зеленчук, месарница за продажба на свежо месо, преработки од месо, сувомеснати и млечни деликатеси, пекара каде во секое време може да се купи свеж леб и топли бели печива, оддел за продажба на домашно приготвени готови јадења, винарија со голем избор на вина и други пијалаци и уште многу други содржини.

За отворањето на овој супер маркет во Прилеп беа отворени 32 нови работни места, а оваа бројка ќе се зголеми по целосното отворање на трговски центар, кој е во завршна фаза.

„Првиот Тинекс маркет во Прилеп беше отворен пред повеќе од 11 години и сметаме дека за овој долг период, Тинекс стана дел од градот Прилеп. Големиот број на лојални потрошувачи и долгогодишното постоење на пазарот, постојано не мотивираат да вложуваме уште повеќе, да отвораме нови маркети во градот и со тоа и да допринесеме за економијата и трговијата во прилепскиот регион.​ 

Со отворањето на новиот супермаркет во Прилеп, нашите верни купувачи отсега ќе имаат нова локација каде што ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера и да ги купат своите омилени производи, по достапни цени. По повод отворањето,  во новиот супермаркет имаме многу акции, големи попусти, промоции и изненадувања за сите корисници на Тинекс Поен+ картичка. 

Новиот трговски центар претставува модерен објект со вкупна површина од 4.300м2 во кој покрај најмодерен супермаркет, ќе има различни содржини како ресторан, неколку продавници за облека, менувачница и др.

Со цел содржините во објектот да бидат што поскоро достапни за граѓаните на Прилеп, на истиот интензивно се работи за да биде целосно функционален во најкраток временски период.​ Овој трговски центар ќе биде вистинско освежување за градот и ќе ги задоволи сите потреби на граѓаните на Прилеп.„

0 Коментари

Остави коментари