Откупните пунктови во Тиквешијата почнаа да го купуваат грозјето со понизок квалитет
Foto

Откупните пунктови во Тиквешијата почнаа да го купуваат грозјето со понизок квалитет

Почна откупот на нискоквалитетното грозје наменето за преработка. Три откупни пунктови во Тикешијата ги отворија вратите за лозарите, кои имаат грозје со шеќерност помала од 17 малигани.

Ова треба да го релаксира пазарот на грозје и да го намали вишокот кој годинава се зголеми заради ковид-кризата. Лозарите се задоволни што во последен момент ќе се најде пласман за годинешниот род, кој поради временските услови, е со понизок квалитет. Сепак, лути се на винариите, кои и понатаму нудат ниски цени.

Кулев вели дека се уште има винарии кои, како што вели, ги уценуваат лозарите. Затоа, ги повика производителите на грозје да не склучуваат договори сами, туку тоа да го прават организирано, преку здруженијата.

Пред пет дена владата најави дополнителна субвенција од 4 денари по килограм нискоквалитетно грозје, предадено во откупните пунктови. Со оние 4 денари договорени претходно, сега лозарите кои имаат грозје со шеќерност пониска од 17 малигани, ќе добијат 8 денари државна субвенција, а вкупната цена за нивното грозје нема да биде пониска од 12 денари по килограм.

0 Коментари

Остави коментари