Откажано неофицијалното Светско првенство во тенис – Вимблдон
Foto

Откажано неофицијалното Светско првенство во тенис – Вимблдон

Она што се шпекулираше во последните две седмици, од денеска е и официјално – откажан е Вимблдон. 

Неофицијалното Светско првенство во тенис на програмата беше од 29 јуни до 12 јули. Но и тој ја доживеа судбината на Индијан Велс, Ролан Гарос, како и турнирите во Мајами и Монте Карло, се поради пандемијата од Ковид-19. 

Ова е првпат по Втората светска војна грен слемот во Лондон да не се одржи.

0 Коментари

Остави коментари