Откажана лидерската средба за утре
Foto

Откажана лидерската средба за утре

Лидерската средба што Заев ја закажа за утре нема да се одржи, поради недоаѓањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова Заев им го кажал на ЦО вечерва, потврдуваат извори оттаму. Лидерот на СДСМ на сопартијците според истите извори им казал дека нема логика лидерска без Мицкоски.

Заев средбата ја закажа со дневен ред СЈО, попис и Изборен законик. Мицкоски најави дека нема да дојде, бидејќи според него средбата треба да има само предвремени избори. Ахмети и Села кои беа поканети, ја прифатија поканата.

0 Коментари

Остави коментари