Откако ЕК даде рок за старт на преговори, Скопје порачува решение ќе има само со заштитени национални интереси

Откако Европската комисија во средата првпат даде рок за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и преговорите со двете држави да почнат пред крајот на француското претседателство, на 30 јуни, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји пред да замине од Софија порача дека за три недели повторно ќе се врати таму, за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Северна Македонија. Власта, пак, смета дека иако земјава сака да ги почне преговорите со ЕУ, тоа да не биде по секоја цена и на штета на државните интереси при решавањето на спорот со Бугарија.