Осум минути овации за филмот „Џокер“
Foto

Осум минути овации за филмот „Џокер“

Филмската адаптација на „Џокер“ озлогласениот лик од Готам сити, познат во филмовите за Бетмен, доби осум минутни овации на прикажувањето на фестивалот во Венеција.

Покрај извонредниот прием кај фестивалската публика „Џокер“ во кој главната улога ја толкува извонредниот Хоакин Феникс, доби и исклучително високи оценки од филмската критика. Телеграф го оцени со 4, од можни пет ѕвезди, додека филмскиот критичар на Гардијан му даде чиста петка.

Во режија на Тод Филипс, филмот се случува во 1981 година и раскажува како пропаднатиот стенд ап комичар Артур Флек полека полудува и се трансформира во Џокер. Роберт де Ниро се појавува во улогата на ТВ-водител кој придонесува за падот на Флек откако нема да му даде шанса на телевизија.

Хоакин Феникс, кому филмската критика му предвидува Оскар за оваа улога ослабна 23 килограми, поминал осум месеци во истражувањето како стенд ап комичарот Артур Флек станал непријател на Бетмен, проучувал нарушувања на личноста и вежбал како постојано и постојано да се смее. 

Буџетот на филмот е 55 милиони долари, што е значително помалку од претходните адаптации на „Warner Bros” и е прв филм направен според стрип кој имал премиера во Венеција, а во киносалите доаѓа на 4 октомври.

0 Коментари

Остави коментари