Осмо издание на „Прв до врв“ на Водно
Foto

Осмо издание на „Прв до врв“ на Водно

На Водно денеска ќе се одржи осмото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2020“.

Програмата на спортскиот настан вклучува трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг трка за компании. Настанот е во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ со поддршка на Градот Скопје и деловно-општествената заедница.

Организаторите информираат дека оваа година традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата поради задолжителните мерки за заштита на учесниците од Ковид-19.

Оттаму посочуваат дека настанот „Прв до врв“ ќе се одржи според пропишаните протоколи од Министерството за здравство.

0 Коментари

Остави коментари