Османи утре во Брисел на средба со Могерини
Foto

Османи утре во Брисел на средба со Могерини

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи утре ќе престојува во Брисел каде ќе се сретне со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе биде искористена за да се реафирмира подготвеноста на земјава за напредок во европските интеграции во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври.

Во рамки на посетата, Османи ќе оствари средба и со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич, како и со директорката за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија – ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ. По Брисел, следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.

0 Коментари

Остави коментари